речник контакт

Како велешани да се лекуваат во ноќните часови?

Обезбедувањето на континуирана 24 часовна здравствена заштита на пациентите е технички неизводлива сметаат приватните доктори од Велес а од Фондот за здравство им порачуваат дека таа мора да се спроведува.

Петар Печков

Обезбедувањето на континуирана 24 часовна здравствена заштита на пациентите е технички неизводлива сметаат приватните доктори од Велес а од Фондот за здравство им порачуваат дека таа мора да се спроведува. Бројни се обврските кои се неприменливи кога  приватните доктори обезбедуваат дежурства за пациентите, посочуваат лекарите.

- Постојат два евидентни проблеми, рецептите и работното време. Со ноќните дежурства се прекршува Законот за работни односи бидејќи овие 12 часа не се никаде евидентирани и пријавени, тие се надвор од 48 часовната работна недела, па реално е да дојде било која инспекција и го казни лекарот што дежура. Втор проблем се рецептите кои се се издаваат а не важат. Како ќе им помагаат на пациентите ноќе кога нема дежурна аптека или пак мора да им издаваат рецепти кои ќе ги набавуваат на приватно  бидејќи тие се  матечен лекар се на само мал дел од пациентите кои ќе ги опслужуваат – изјави Гроздан Сутинов, правен застапник на приватните лекари од Велес. Нив во општината ги има околу педесетина кои треба да обезбедат ноќни дежурства за 60 илјади жители. Докторите посочуваат дека проблемот со дневните и празничните дежурства се решени но како да им се помогне на граѓаните кои бараат здравстена помош од 20 часот навечер до 7 наутро. За нив е дискутабилно и како после овие 11 часови ноќна работа ќе продолжат следниот ден со 8 часовна работа и дали ќе можат да дадат помош на пациентите кога ќе имаат 20 часовен работен ден. Лекарите од руралните средини потсетија дека кај нив ќе се јави нов проблем, кога ќе дежураат во град, ќе ги остават без лекарска заштита матичните пациенти во оддалечените населби како што се Чашк,а Богомила, Горно Јаболчиште, со што се судруват со можноста да бдиат казнети од инспкециите. Од Фондот за здравство објаснуваат дека  без оглед на се, дежурствата мора да се спроведат.

- Во договорот кој го потпишавте со нас, превзедовте обврска за 24 часовна грижа за пациентите. Бидејќи секој поединечно не може тоа да го стори се организра дежурна служба, што е дефинитивно. Не треба да ја мешате постојната итната помош која  дава помош само за итни случаи со оваа дежурна служба, тоа е порака  од Министерството. Постојат практични проблеми што ги посочивте за кои ќе ги запознаам надлежните – изјави Анде Марковски, раководител на ПЕ на Фондот за здравство во Велес. Приватните лекари како решение го посочуваат воведувањето на ноќни дежурства во рамките на Здравстениот дом, како што е случај во Скопје и Битола и сметаат дека граѓаните од останатите градови во земјава на овој начин се во нерамноправна положба.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »